Алијанса за Албанците ги поддржува протестите на возачите на приватните автобуси во Скопје и се солидаризира со нивната борба за правда. Нивните барања се праведни и легитимни, велат од Алијанса за Албаниците.
„Ја повикуваме Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, под итно да седне на маса со приватните превозници, бидејќи покрај нив, сериозно се оштетени и граѓаните кои деновиве се соочуваат со недостиг на транспорт и хаос во сообраќајот.
Апелираме до граѓаните да бидат трпеливи во овие денови и да имаат разбирање за превозниците кои водат битка за елементарно право коешто неправедно им се ускратува“, се вели во соопштението.