Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива отсекогаш ги има почитувано и вреднувано достоинтсвото и важната улога на жената Aлбанка. Од друга страна, јавноста добро е запознаена кои се тие кои ги имаат обезвреднувано и навредувано албанските мајки и жени, се вели во реакцијата од Алијанса на Албанците и Алтернатива, откако ДУИ го осуди физичкото и родовото насилство за време на протестот во Тетово.

– Корупцијата и криминалот не можете да ги задскриете со родовата еднаквост и неоснованата улога на жртва. Вие треба да сносите одговорност за загинатите мајки, татковци и млади луѓе во модуларната болница во Тетово, порачуваат од Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Според нив денешниот протест и искажан револт, не е организиран од страна на албанската опозиција, од друга страна, присуството на наши членови и симпатизери е чин на граѓанска свест и одговорност и нивното присуство е карактеризано само каков чин, како и на останатите граѓани на Тетово.