Додека ние, обичните граѓани, пренесуваме пораки на честитки и радоста во чест на новогодишните и божиќните празници, членовите на семејството на „Бермудски триаголник” – од Струга, на стружаните среќна нова 2023 година му ја честитаа со своите автомобили, новите модели од 2023 година, кои може да чинат од 130.000,00 евра до 150.000,00 евра, се вели во реакцијата на струшкиот огранок на Алијанса за Албанците.
Алијанса за Албанците: Синот на градоначалникот на Струга за Нова година доби возило од 150.000 евра
Додека ние, обичните граѓани, пренесуваме пораки на честитки и радоста во чест на новогодишните и божиќните празници, членовите на семејството на „Бермудски триаголник” – од Струга, на стружаните среќна нова 2023 година му ја честитаа со своите автомобили, новите модели од 2023 година, кои може да чинат од 130.000,00 евра до 150.000,00 евра, се вели во реакцијата на струшкиот огранок на Алијанса за Албанците.
„За да се купува таков автомобил од работник со просечна плата од 400 евра, истиот тој треба да работи од 27 до 33 години. Препотенцијата на луксузот што синот на градоначалникот им ја покажува на стружани со нов автомобил кој чини можеби околу 150.000 евра, сам по себе говори за целите и перспективата што татко му ги донесе на Струга.
За да се знае колку е деградирана една власт, доволно е да се погледне како живеат нивните наследници, кои без ниту еден ден работа во животот му кажуваат на обичниот граѓанин колку се богати и силни. Чиста мизерија и деградација.
Па драги почитувани стружани, среќна нова 2023 година и… да се освестиме и да го прекинеме неоправданото богатење на пет лица на сметка на 50.000 стружани, и на штета на Струга. Уште колку? Промени. Правда. Отчетност“, соопшти Алијанса за Албанците – огранок Струга.