„На г. Димитар Ковачевски му честитаме за неговиот избор како нов претседател на СДСМ. Овој легитимитет на г. Ковачевски, добиен според принципот еден член еден глас, без никакви дилеми доаѓа со голема одговорност, посебно во соочувањето со многуте кризи со коишто се соочува земјата.
На г. Ковачевски и новото раководство на СДСМ им посакуваме среќа и успеси во исполнувањето на програмата презентирана на денешниот конгрес“, велат од партијата.