Ги повикуваме пратениците на ова владино малцинство: сите тие што сакаат да ја спасат државата од организиран криминал, од корупција, од незнаење, да се приклучат на прогресивната опозиција, вели Алијанса за Албанците.
-Приказните за евроинтеграциите на овој пропаднат режим се само алиби за бегство од правдата. Европската унија не се постигнува со Боки13, Зоки Кичеец, Вице Заев, партизирани судии и обвинители, инспектори кои изнудуваат бизниси и купуваат и уценуваат пратеници, се додава во соопштението.