Македонија продолжува да испишува историја, по настапот на Европското првенство, „црвено-жолтите“ вечерва изборија бараж за Светското првенство.

„Сите мислат дека на среќа отидовме на европско, но ние покажавме дека сме квалитетни, покажавме дека сме сина селекција, испишавме нова историја. Зошто сега да не одиме на Светско првенство?“ – рече Алиоски по победата над Исланд од 3-1.

„Одиме чекор по чекор, во македонската репрезентација многу работи се сменија, од стучен штаб, претседател, организацијата е многу подобра од пред шест-седум години. Силата е во заедништвото “.

„Во баражот ќе ни биде тешко, но треба да веруваме во нашиот итм, во нашиот квалитет. Сега ни треба поддршката, публиката да биде позади нас“.