Интерактивен формат за поврзување на меѓународните препораки со клиничката пракса

Министерот за здравство, Азир Алиу, утрово присуствуваше на стручен симпозиум во организација на „Клиниката Жан Митрев“, кој служи како платформа за поврзување на меѓународните препораки со реалната клиничка пракса.

– Особена вредност на овој симпозиум е интерактивниот формат, кој овозможува размена на искуства, унапредување на клиничкото одлучување и јакнење на соработката меѓу различни специјалности, со цел подобра, побезбедна и персонализирана грижа за пациентите. Посебно беше потенциран активниот придонес на континуираната медицинска едукација и развојот на кардиоваскуларната медицина, истакна во своето обраќање министерот за здравство, Азир Алиу.

Министерот, меѓу другото, потсети и на новините во предлог-законот за заштита од пушење, чија цел е токму заштита и унапредување на здравјето на пациентите, имајќи предвид дека пушењето предизвикува кардиоваскуларни заболувања, кои се во подем, како кај нас, така и во светски рамки.

– Министерството за здравство останува посветено на следење на најсовремените пристапи, во континуитет ги унапредуваме условите во јавните здравствени установи и набавка на најсовремена опрема со цел развој на здравството во државата, заклучи Алиу.