„Алкалоид“ годинава од Милано ја започна третата деценија какотрадиционален учесник на најреномираниот светски настан вообласта на фармацијата – CPhl (Convention of Pharmaceutical Ingredients). Под мотото „Во срцето на фармацевтскатаиндустрија“, овогодишното јубилејно 35. издание на CPhI сеодржува од 8 до 10 октомври во Италија, a тимот на „Алкалоид“ иоваа година забележува маркантно учество со свој штанд, какорута на глобалната фармацевтска мрежа, од каде што ја проширувасвојата листа на еминентни соработници од редот нафармацевтските лидери во светот.
„CPhI за ’Алкалоид’ е значајна алатка за одржување на трендот наекспанзија и за одржување чекор со сите новини во нашатадинамична индустрија. CPhI е единствениот глобален one-stop-shop за генеричката фармацевтска индустрија кој нуди можност засредби со постојните и со потенцијалните добавувачи насуровини, ексипиенси и амбалажа, како и со лиценцни партнери иконсултанти за регулаторни активности, истражување и развој ислично. Огромни се можностите од прва рака да дознаеме повеќеза најновите трендови во индустријата, зелените технологии, новите молекули и формулации, како и за придобивките одвештачката интелигенција за фармацијата; да пробаме да гиоптимизираме предизвиците во синџирот на набавки и да градименови снергии и партнерства. ’Алкалоид’ за првпат учествувашена овој собир во 2003 година, а со оглед на бенефитите остануваметука редовно“, истакна Генералниот директор и Претседател наУО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.
CPhI, како глобален настан за светската фармацевтска елита, годинава во Милано собра повеќе од 2.400 изложувачи и 62.000 посетители од 166 земји во светот. CPhl е најважниот настан вогодината од областа на фармацевтската индустрија, кој во текот насвоето 3,5-децениско постоење прерасна во заедница која гообединува глобалниот синџир на снабдување во фармацевтскатаиндустрија, креира врски и инспирира партнерства.