На денешен ден во 1982 година е роден еден од најдобрите бразилски фудбалери – Адријано.Бразилецот Адријано Леите Рибеиро беше еден од најдобрите фудбалери во светот кога настапуваше за Интер, но неговите блескави настапи на теренот останаа во сенка на животните драми низ кои минуваше…
Адријано дефинитивно беше еден од најталентираните фудбалери во историјата на фудбалот, велеа дека само небото му е граница… Сепак, неговиот луд начин на живот целосно го уништи.
„Смртта на татко ми ме уништи. Постојано бев пијан. Се изолирав, се видов во Италија сама, тажна и депресивна и почнав да пијам. Ќе доаѓав и пијан на тренинг и ќе ме носеа да спијам, а потоа пријави дека сум повреден“ велеше Адријано.
Знам дека многу страдав кога умре татко ми, а се радував само кога бев пијан и пиев сè: виски, вино, вотка, пиво. Многу пиво. Немаше шанси да застанам и морав да го напуштам Интер. Разбрав дека проблемот се луѓето околу мене, кои ме носеа на забави каде имаше жени и алкохол. Не мислев на ништо друго. Се вратив во Бразил, се откажав од милиони но успеав повторно да ја најдам среќата“, изјави Адријано.
Интер се обиде да го врати својот голгетер во живот. Ангажираа психолози, психијатри, но немаше резултати. Раководството на клубот реши да му даде отказ на Адријан, а веднаш потоа тој реши да се повлече од играњето. На само дваесет и седум години.
Пензионирањето беше краткотрајно. По еден месец потпиша за Фламенго. Не играше лошо, го предводеше бразилскиот тим до титулата во 2009 година. Но, тој не се откажа од ноќниот живот и пороците
Легендарниот напаѓач изгуби се што имаше стекнато во богатата играчка кариера и веќе извесно време живее во фавела со својата мајка. Своевремено банкротираше еден од најдобрите напаѓачи во светот, Адријано Леите.
Одземена му е и луксузната вила во Рио де Жанеиро, па тој веќе некое време живее со мајка си во најопасниот дел на Бразил.