Грдаежните работи на Коридорите 8 и 10-Д, кои ќе ги гради конзорциумот „Бехтел&Енка“, ќе ги надгледуваат компаниите на Бранислав Димитриевиќ, лице под истрага во Ерменија и уапсено на 21 април 2021 година во Хрватска врз основа на меѓународна потерница издадена од Интерпол. Станува збор за две компании: „Евро Консалтинг“ чиј основач е Димитриевиќ, додека неговиот син Зоран Димитриевиќ е раководител од јуни 2021 година, и компанијата „ЕПТИСА“ каде Димитриевиќ е „лидер на тимот“ на француско-шпански конзорциум.
Алсат Телевизија успеа да обезбеди два документа, кои всушност се одлуки одобрени на владини седници. Првата се однесува на одлуката на Владата дека ниту една државна институција или општина не смее да ја ангажира шпанската компанија „ЕПТИСА“, на тендер вреден над 1 милион евра поради нивното незаконско, неетичко и неодговорно постапување во надзорот на работите на железницата Куманово-Белаковце“. Одлуката била донесена 24-та седница на Владата, одржана на 24 ноември 2020 година. Во оваа информација стои потписот на Драги Рашковси во својство на генерален секретар на Владата.
10 недели подоцна, поточно на 9 февруари 2021 година, Министерството за финансии е известено дека Владата донела одлука за укинување на одлуката одобрена на 24 ноември 2020 година, а институциите заедно со општините сега можат да доделуваат тендери во вредност од над 1 милиони евра на фирмата на обвинетиот од ерменските власти „ЕПТИСА“ Бранислав Димитриевиќ. Од Јавното претпријатие за државни патишта објаснија дека „ЕПТИСА“, е избрана врз основа на одлуката на Владата од 9 февруари.
Изборот помина на контролниот одбор, а до Државната комисија за жалби беа упатени два приговори, но институцијата ги одби. Постапките за избор беа во согласност со сите законски и подзаконски акти за јавни набавки и се беше транспарентно од самиот почеток“.
Владата до сега немаше одговор за причините за укинување на одлуката од 24 ноември 2020 година. Останува нејасно зошто Владата го смени мислењето за компанијата „ЕПТИСА“, со што се отвора сомнеж за местење на Јавните набавки за избор на фирми за надзор, за работите во виталните коридори според Владата, 8 и 10-д.
Успеавме да обезбедиме и документ за ликот на Бранислав Димитриевиќ. Всушност, Амбасадата на Република Северна Македонија во Загреб, Хрватска, на 23.04.2021 година, ги известува МВР и Министерството за надворешни работи во Скопје дека на 21.04.2021 година е уапсен македонскиот државјанин Бранислав Димитриевиќ од страна на хрватските власти и моментално се наоѓа во затворот Осиек.
„Известени сме дека на 21.04.2021 година Бранислав Димитриевиќ, државјанин на Северна Македонија, се наоѓа во истражниот затвор во Осиек поради екстрадиција во Ерменија. „Судската одлука е донесена врз основа на меѓународната потерница пуштена од Интерпол во Ерменија, на 31.03.2021, основана врз одлуката за апсење по одлука од судот во Ерменија од 20.11.2019 за кривична постапка „ измама“ за надзор на изведби во Коридорот Север-Југ во периодот 2009-2018 година во Ерменија“, се вели во Писмото од Амбасадата на Северна Македонија во Загреб.
Истражната мрежа БИРН, откри дека Димитриевиќ се гони во Ерменија за три кривични дела. Освен за „измама“, Димитриевиќ се гони и за „фалсификување патна исправа и недозволено поседување“ како и за „нелегално преминување на границата“ според Кривичниот законик на Ерменија. Последните две се однесуваат на евакуацијата на Димитријевиќ од Ерменија со приватен авион потпомогнат од македонски државјани кои всушност биле дипломати. Се сомнева дека Димитријевиќ добил дипломатски пасош за евакуација без никаков проблем.
„Тој е обвинет за создавање група со македонски државјани: Владимир Сарафов, Миле Миленкоси, Стево Симски, Зоран Спирев, бугарскиот државјанин Филип Спирев и украинскиот државјанин Володимир Сољарук“, велат од Јавно обвинителство во Ерменија (за БИРН).
За „Евро Консалтинг“ се дознава дека добила над 270 тендери од државни институции и општини во Северна Македонија. Нивната вредност достигнува над 4,5 милиони евра. Оваа компанија лани склучила 11 договори во вредност од 650 илјади евра, од кои најголем дел во Техничко-индустриските развојни зони и изградбата на Клиничкиот центар во Скопје и Штип.