„Се продлабочија судирите на седницата на претседателството на Генералниот совет на ДУИ. Првиот состанок од формирањето на ова тело, кој беше одржан во врска со отчетноста на именуваните и избрани функционери на ДУИ, на министрите па и на градоначалниците на општините од оваа партија, се одвиваше во многу остра атмосфера.“ – објави ТВ Алсат во својата информација со наслов „Се заостри судирот на седницата на ДУИ“.
Алсат пишува: „Членовите на ова претседателство, кои се членови на така наречената ‘Огнена група’, не се повлекуваат од своето барање за одговорност на извршната власт, предводена од Артан Груби. Неуспесите и немањето реални работни места за Албанците, неспроведувањето многу прашања, кои произлегуваат од програмата на партијата и на новата влада, како и многу други други прашања внатре во ДУИ му беа припишани на вицепремиерот Груби на денешната отчетна седница на Претседателството на Генералниот совет на ДУИ.“
„Членовите на Претседателството и порано не го криеја разочарувањето, поради тоа што и покрај неуспесите Груби денеска и официјално беше промовиран од првиот човек на партијата Ахмети како шеф на неговиот кабинет. Од ‘Огнената група’ инсистираат Груби да понесе одговорност поради неуспесите, а не да добива нови партиски функции. Оваа група не ја исклучува можноста за фракционерство, ако одговорноста на вицепремиерот биде избришана, или покриена од лидерот Али Ахмети.