– Ние како албанска опозиција односно коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива сигурно дека ќе имаме став за оваа работа, но знаете дека нашиот претседател Зијадин Села беше на едно патување во Америка и се врати пред два дена, рече Дураку.
ДУИ не се согласува со предложениот текст на Резолуцијата со која се исцртуваат црвените линии за идентитетските прашања. По средбите на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со колеги од ДУИ за поддршка на нивната резолуција за евроинтеграцискиот пат на земјата, координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбр Адеми изјави дека е потребно усогласување на текстот на резолуцијата помеѓу сите парламентарни партии за да се осигураат дека тоа не му наштетува на патот кон ЕУ.
ВМРО-ДПМНЕ предложи резолуција за евроинтеграцискиот пат на државата, а во изминатите два дена лобираше во парламентарните партии таа да биде прифатена. Резолуцијата доби поддршка од македонските партии од власта СДСМ, ДОМ, ЛДП и ДС. Најдоцна до петок ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе ја поднесе резолуцијата за евроинтеграцискиот пат на земјата и одредување на црвените линии, најави вчера пратеникот Тимчо Муцунски на прес-конференција.