Наместо дневно политички препукувања меѓу двете најголеми македонски партии, кои намерно, од свој агол ја толкуваат пресудата на ЕСЧП, конечно треба да ѝ погледнеме на вистината во очи, а тоа е дека главната порака од Стразбур е „правдата пред се’ ја делат домашните правосудни органи, ние не можеме да ја преземеме нивната улога”, реагира Алтернатива во врска со одлуката на Европскиот суд за човекови права. „„СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои 32 години се менуваат на власта, заедно со ДУИ кои 22 години се власт, треба да замолчат на оваа тема“, нагласува партијата.

Тие партии, велат од Алтернатива, треба да замолчат бидејќи имаат подеднакво одговорност за катастрофалните состојби со владеењето на правото, еднаквоста пред законите и правната сигурност.

„Благодарение токму на овие три партии Македонија наликува на ‘Ел Дорадо’ во кое партиите се најголем извор на корупција во државата. Времето за декларативни заложби одамна заврши. Сега е време за акција. Алтернатива има конкретен, издржан и правно формулиран предлог за директно соочување со политичката корупција на партиските кадри во власта. Најодговорните партии треба да престанат да избегнуваат да се произнесат за нашиот предлог. Со висок степен на консензус уставниот амандман на Алтернатива за спречување на застарувањето на кривични дела сторени од носители на функции во законодавната, извршната и судската власт, веднаш ќе стане реалност. Да не ја бараме Европската правда во Брисел, Стразбур, Париз, Берлин.., да ја донесеме дома! Секогаш има Алтернатива!“, соопшти партијата.