Пратеникот Амар Мециновиќ има положено само 7 од 30те предмети кои се потребни за да станете Дипломиран политолог на Правниот факултет Јустинијан први – покажува проверката на Радио Лидер во електронското досие на студентот, која ни ја овозможи свиркач од институцијата.
Со оглед на тоа што Мециновиќ е роден во 1996 година, тој на факултет најверојатно запишал во академската 2015/2016 година, односно пред цели 9 години.
Математиката покажува дека во просек годишно тој полагал по 0.777778 испити, односно помалку од еден испит годишно.
На сајтот на правниот факултет Јустинијан први, стои дека програмата за политички науки има вкупно 30 предмети, што значи дека нему му остануваат уште 23 до дипломирање.
Доколку Мециновиќ продолжи со истата динамика на полагање, тој би требало да дипломира за 30 акафемски години, односно негде во 2055 година. Доколку продолжи со оваа динамика, студентот Амар Мециновиќ при дипломирањето ќе има 59 години.
Сепак, лидерот на Левица, Димитар Апасиев денеска на својот фејсбук профил го охрабри својот кандидат дека е добар студент со висок просек.
Мециновиќ вчера се претстави на дуелот со Ѓорѓиевски.
Роден сум 1996та година. Уште малку 30 години, можеби ќе ги дочекам на градоначалничката функција. Јас бев на политички студии, недипломиран политиколог сум. Јас имам успешни студии генерално, не сум завршен и немам 180 кредити. Јас се бавев научно. Студиите беа на пауза заради мојата социјална позиција, вели Мециновиќ.
Проверката на факти покажува дека оваа изјава на Мециновиќ се коси со неговата изјава на интервјуто на Канал 77 од први месецов.Тој тогаш изјави дека има дипломирано политички науки.
Јас имам завршено политички науки, таму сум лауреат на Иво Пухан на ораторските вечери. Во текот на студиите се занимавав со истраживање, но додека студирвав сфатив зошто студиите мора да бидат бесплатни. Кога имав 18 години бев целосно независен од мајка ми ама независен во смисол дека подмирив се ама немав денар за себе.
Целата вест погледнете ја во продолжение:
Мециновиќ: Јас сум со средно, недипломиран политиколог! – еве како лажеше претходно!
