Амбасадата на САД во Скопје објави апел за носителите на визи да ги почитуваат законите и правилата на САД.

Од Амбасадата истакнуваат дека скринингот на визите продолжува и по нивното издавање.

Во објавата на Фејсбук, амбасадата предупредува дека носителите на визи ќе бидат подложени на континуирана проверка. Ако се утврди дека не ги почитуваат прописите, нивните визи ќе бидат укинати и ќе следува депортација.

Над четвртина од македонските апликанти за виза во САД биле одбиени во 2022 година

Покрај тоа, Амбасадата нагласува дека престојот подолго од дозволеното може да резултира со трајна забрана за патување во САД. Оваа изјава следи по претходниот апел од минатата недела, во кој беа потврдени важноста на правилното користење на визите и стриктното почитување на сите услови на кои се однесуваат.

Извор: Република