Глумицата, меѓу другото, во објавата напиша:

-Многу сум возбудена што ја споделувам оваа вест со вас. Одлучив да имам дете пред четири години. Сакав да го сторам тоа под мои услови… Уна Пејџ е почеток на остатокот од мојот живот

Извори блиски до Хард откриваат дека бебето го родила сурогат-мајка оти глумицата открила дека не може да роди.

Иако Амбер штотуку ја откри веста, малата Уна се родила на 8 април годинава. Веста доаѓа по измачувачкиот развод со Џони Деп, и неколкуте судски процеси откако Хард го обвини за физичка злоупотреба и насилство. Амбер и Џони беа венчани од 2015 до 2017 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amber Heard (@amberheard)