Шенон Кари рекла дека до дијагнозата дошла во текот на 12-часовниот разговор со Амбер, како и по прегледот на наодите за нејзиното ментално здравје.

На судењето Амбер Херд, која нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп ја обвини за лажни наводи за злоупотреба, во корист на актерот сведочела форензичкиот психолог Шенон Кари. Кари ја поставила дијагнозата на Амбер Херд и пред судот изјавила дека актерката има две растројства на личноста: гранично и хистрионско нарушување на личноста.

Кари рекла дека до дијагнозата дошла во текот на 12-часовниот разговор со Амбер, како и со прегледот на наодите за нејзиното ментално здравје.

Кари исто така сведочела дека Херд не страда од посттравматско стресно растројство поради својата врска со Деп, како што таа тврдела. Тимот на Деп се надева дека нејзиното сведочење ќе го зајакне нивното тврдење дека Херд бил насилна кон Деп во проблематичната врска на парот.

Како што вели експертката, двете растројства на личноста што ги навела се слични. Граничното растројство на личноста е болест на нестабилност, поттикнато од темелниот страв од напуштање. Хистрионското растројство на личноста, рекла Кари, е поврзано со „драмата и плиткоста“ и потребата да се биде во центарот на вниманието.

Таа рекла дека постои корелација во нарушувањето со луѓето кои се физички привлечни и „го користат својот изглед за да го привлечат тоа внимание“.

Неколку соработници и членови на семејството на Џони Деп веќе сведочеа пред судот дека Амбер вербално и физички го малтретирала својот сопруг. Слично изјавила и Тара Робертс, која 15 години управувала со имотот на приватниот остров на Џони Деп.

Робертс тврдела дека Амбер Херд го повредила Деп со лименка за време на тепачка во 2015 година.

-Таа му кажа дека е пропаднат актер, дека ќе умре како дебел осамен старец. Тогаш го слушнав Џони како вели: ти ме удри со конзервата, рекла Робертс.

Многу од сведоците на Деп тврдат дека Херд го малтретирала, а неговиот шеф на обезбедувањето донел фотографии на кои, како што тврди, се гледаат модринки на Деп откако неговата сопруга го удрила и на лицето му гасела цигара.

Судењето помеѓу Џони Деп и Амбер Херд продолжува.