Вивиан Ајсен се осврна на „медиумската војна“: Една од најтешките борби е онаа за вистината
Во нејзината изјава, амбасадорката Ајсен потсетува дека од 7 октомври 2023 година – ден кој го опиша како најкрвавиот ден за еврејскиот народ од Холокаустот наваму – Израел се соочува со војна на повеќе фронтови: Газа, Либан, Иран, Сирија, Ирак, Јемен, како и подрачјата Јудеја и Самарија.
„Но, една од најтешките борби е онаа за вистината – медиумската војна,“ истакна таа. „Меѓународните медиуми често ја искривуваат реалноста. На 7 октомври, илјадници терористи од Хамас ја нападнаа Израел, извршувајќи незамисливи злосторства: сексуално насилство, убиства на деца пред нивните родители и обратно, цели семејства живи запалени, и масакрирање на над 1.200 цивили.“
Во нападите биле киднапирани 251 лице, од кои 50 сè уште се држат како заложници во Појасот Газа, во тешки услови – под земја, во тунели, без светлина, храна, вода и хигиена.
„И покрај сето ова, Израел – жртвата на овие ѕверства – често се прикажува во медиумите како агресор,“ нагласува Ајсен.
Humanitarian summary for Aug. 4:
🚛📦Aid entry: Over 300 trucks entered Gaza and are now awaiting collection and distribution, along with hundreds of others still queued for UN pickup.
🛻📦Aid collection: Close to 250 trucks were collected and distributed by the UN and… pic.twitter.com/dhfPqRJFVC
— COGAT (@cogatonline) August 5, 2025
Вивиан Ајсен упатува на манипулации
Како последен пример за манипулации, таа го посочи т.н. „кампања за глад“ организирана од Хамас, чија цел, според неа, е да го спречи доставувањето хуманитарна помош доколку таа не поминува преку нив. „Познато е дека Хамас ја злоупотребува хуманитарната помош за да го зајакне своето владеење и повторно да се вооружи. Обвинувањата дека Израел ја блокира помошта се лажни – секојдневно Израел овозможува влез на стотици тони хуманитарна помош во Газа,“ рече таа.
Како одговор на ширењето на дезинформации, амбасадорката објави дека редовно ќе споделува факти и ажурирања преку соопштенија за медиумите, со цел јавноста да има пристап до проверени и точни информации.
„Ве повикувам да ги консултирате следните линкови со официјални податоци и документација,“ додава таа, истакнувајќи ја важноста од информирање базирано на факти.