МВР извести дека вчера во 15.42 часот во СВР Битола, Н.А.(33) од САД пријавила дека таа, нејзиниот сопруг Л.Ц.(33) и нејзиниот брат J.A.(30), сите државјани на САД, се изгубиле во Националниот парк Галичица.

Според пријавеното, тие тргнале да планинарат кон врвот Галичица, при што се разделиле и по кратко време се изгубиле.

Веднаш по пријавата, полициски службеници од Битола и Ресен, во содејство со спасувачката служба на Црвен крст од Охрид извршија пребарување на теренот, при што во 17.30 часот биле пронајдени, а подоцна биле спуштени на патеката што води кон село Лескоец, каде што биле прифатени и со возило од Националниот парк Галичица биле транспортирани до асфалтниот пат Царина-Трпејца.

Притоа, тие биле прегледани од екипа на Итната медицинска помош од Ресен и било констатирано дека се во добра здравствена состојба, по што заминале во сместувачкиот објект во Охрид.