Продолжува да расте бројот на новозаразени со Ковид-19 во земјава, па така во претходното деноноќие се регистрирани 609 нови случаи со што вкупната цифра на активни на корона-вирусот се искачи 13.406. Во истиот период регистрирани сe 347 оздравени пациенти, како и 22 починати лица, сите во болнички услови.
Надлежните со постојани апели за вакцинација, која е единствениот излез од пандемијата. Нова студија изработена во САД покажува дека вакцините против Ковид-19 обезбедуваат силна заштита од хоспитализација и смрт, дури и во случаи кога се работи за многу позаразната делта варијанта.
– Студијата, која следеше на 600.000 луѓе од април до средината на јули, покажа дека луѓето кои не биле вакцинирани имале повеќе од 10 пати поголема веројатност да бидат хоспитализирани и 11 пати поголеми шанси да починат отколку оние кои биле целосно вакцинирани, пренесува Гласот на Америка.
Невакцинираните луѓе имале 4,5 пати поголема веројатност да се заразат, се вели во студијата објавена од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
ЦДЦ, исто така, објави две други студии кои покажуваат дека заштитата добиена од вакцини опаѓа кај постарата популација, особено кај оние на возраст од над 75 години.
Луѓето се уште се со поделени мислења околу вакцинацијата, за едни таа претставува враќање на живтот во нормала, други пак тврдокорно ја одбиваат неверувајќи во ефикасноста на постоечките вакцини. Како во светот, така и кај нас властите преку кампањи и рестрикции се обидуваат луѓето да се вакцинираат во што поголем број, но многумина сметаат дека вршењето притисок преку рестрикциите не е демократски чекор.
И покрај тоа што речиси никаде пандемијата не е стивната, ширум светот секојдневно се организираат протести против рестриктивните мерки.