Околу триесет војници стационирани во Њујорк и Масачусетс учествуваа на дводневна проба, каде најпрвин тие научија како да ракуваат со тоа оружје, а потоа ја вежбаа и употребната сила на истото.
Учесниците вежбаа расклопување, склопување и користење на оружјето, како и ефектот на ветерот и височината на истрелот но и долгиот дострел. Потоа, беа испукани и пробни истрели на полигонот за снајперисти Fort Dram.
Оваа пушка е развиена се со цел да се премости јазот помеѓу стандардната пушка за стрелиште и снајперската пушка, изјави Дејвид Бисли, специјалист за обука на американската армија, во соопштението за јавноста.
Оружјето е опремено со оптика Sig Sauer Tango 6 и пригушувач, а може ефективно да погодува цели на оддалеченост од 300 метри.
Бисли објасни дека на армијата и е потребно оружје со дострел од 300 до 600 метри со цел да се намали зависноста од снајперисти кога станува збор за истрели од далечина.