Деведесет и пет отсто вработени од службата досега се целосно вакцинирани, а одобрени се 1.007 барања за изземање од вакцинацијата. Над 3 илјади маринци побарале изземање поради верски причини, но од над 2.800 досега разгледани барања ниту едно не било одобрено.
Во американската војска, досега 98 отсто од активните војници примиле барем една доза, а 96 се целосно вакцинирани. Иако поголем дел од американската војска се вакцинираше, илјадници војници се опоменети. Околу 20 илјади војници побараа да бидат исклучени од имунизацијата или одбија да примат вакцина.
Армијата избрка шест високи офицери, меѓу кои и двајца команданти на баталјони, затоа што одбиле да се вакцинираат. Досега се изречени над 2.700 писмени опомени. Службата ќе ги отпушта и оние кои ќе продолжат да одбиваат во јануари.