Вчера во Москва е приведен американски државјанин. Телеграм наведува дека „Окружниот суд Хамовники во Москва презел превентивна мерка против американскиот државјанин“.
Во соопштението на судот се наведува дека приведениот е „поранешен падобранец и музичар“.
Мајкл Тревис Лик (51), американски државјанин кој повеќе од една деценија живее во Русија, е уапсен под сомнение за шверц на дрога, објавија локалните државни медиуми. Во извештаите се наведува дека тој бил обвинет за продажба на мефедрон и дека судот во Москва му одредил притвор два месеци пред судењето. Доколку биде осуден, му се заканува затворска казна до 20 години, пишува The Guardian.
„Свесни сме за неодамнешното апсење на американски државјанин во Москва. Кога американски државјанин е приведен во странство, Министерството бара конзуларен пристап што е можно поскоро и работи на обезбедување на сета неопходна конзуларна помош“, рече портпаролот на американскиот Стејт департмент.