Американски стелт борбен авион Ф-35 принудно слетал во база на Блискиот Исток откако бил погоден од ракета за која се верува дека потекнува од Иран. Инцидентот се случил за време на борбена мисија над иранска територија.
Информацијата за Си-Ен-Ен ја потврдиле два извора запознаени со ситуацијата.
Портпаролот на американскиот команден центар, капетанот Тим Хокинс, изјави дека авионот од петта генерација „вршел борбена мисија над Иран“ кога морал да изврши итно слетување.
– Авионот слета безбедно и пилотот е во стабилна состојба. Овој инцидент е под истрага – рече Хокинс.
Во меѓувреме, американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека САД „дефинитивно победија“ и дека иранските системи за воздушна одбрана се „целосно уништени“.
Еден авион од типот Ф-35 чини околу 100 милиони долари.
