Eкс пратеникот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за дијалог меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел, ѝ одговори на поранешната министерка за надворешни работи на Косово, Мељиза Харадинај-Стубли, која упати повеќе обвинувања кон Западот за настаните во Бањска. Гренел ѝ одговори дека не е добра идеја „да ја гризе раката што ги хранела со децении“.
„Точно е дека меѓународната заедница му порача на Курти на 3 јуни да престане со едностраните потези, да распише избори и да ја формира заедницата. Не кажа ништо. И тоа е вистината“, рече Гренел.
Гренел на социјалната мрежа Х напиша дека меѓународната заедница му порачала на косовскиот премиер Аљбин Курти да престане со едностраните потези, да распише избори и да формира заедница на српски општини. Косово повеќе од една деценија одбива да ја формира Заедницата на српски општини.
Во неделата во Бањска во северно Косово, вооружена група уби еден косовски полицаец, по што косовската полиција уби четири напаѓачи.