Поручникот Џ. О. Паркер од полициската станица Лоребсвил, во сојзуната држава Џорџија, соопшти дека полицајците пристигнале во населбата Седл Шолс околу 6:30 часот утрината, откако им било пријавено пукање и дете кое лежело на улица.
Паркер кажа дека 17-годишен ученик му пришол на 16-годишникот и го застрелал во главата. Тој додаде дека жртвата е пренесена во болница и се наоѓа во критична состојба.
Си-Ен-Ен пренесе дека полицијата го лоцирала осомничениот и дека тој е уапсен и обвинет за напад и поседување оружје.
-Обвинението може да се промени, во зависност од идната здравствена состојба на жртвата, додаде Паркер.
Полицијата потврди дека осомничениот и жртвата оделе во средното училиште „Централ Гвинет“ и дека е познато дека и претходно имале некаков конфликт.