Американскиот 18-годишен фудбалер Рикардо Пепи од денеска е нов играч на Аугсбург, соопшти официјално бундеслигашот.

Пепи во Бундеслигата доаѓа од редовите на Далас, а со новиот клуб потпиша договор на четири ипол години, со можност за продолжување на соработката до крајот на сезоната 2026/27.

Германските медиуми пренесуваат дека Аугсбург за услугите на американскиот тинејџер издвоил 13 милиони евра, плус бонуси, што е рекордна трансфер сума во историјата на германскиот клуб.

Пепи дебитираше за Далас во американската МЛС лига во 2019 година и постигна 13 голови на 31 натпревари. За американската репрезентација одигра седум натпревари од дебитантскиот настап минатиот септември. ег/сд/