Со речиси едногласна поддршка, Претставничкиот дом на САД изгласа резолуција со која се задолжува Министерството за правда да ги објави сите истражни досиеја поврзани со починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епстин. Оваа обврска, според американските медиуми, претставува чекор кон поголема транспарентност во случајот што со години ја интригира американската јавност.
Резолуцијата помина со 427 гласа „за“, додека единствено републиканскиот конгресмен Клеј Хигинс од Луизијана гласаше „против“, објави „Си-Ен-Ен“.
За документот да стапи во сила, потребно е да биде усвоен и во Сенатот, а потоа да го потпише американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе „Танјуг“.
Трамп веќе најави дека ќе стави потпис веднаш штом Конгресот ја одобри резолуцијата.
