Американските разузнавачи не веруваат дека новиот коронавирус е создаден како биолошко оружје или модифициран со генетски инженеринг. Ова се наведува во извештајот објавен на веб-страницата на Канцеларијата на директорот на националното разузнавање на САД.

„Веруваме дека вирусот не е создаден како биолошко оружје“, се вели во документот. „Повеќето агенции, исто така, веруваат дека SARS-CoV-2 веројатно не е генетски конструиран, но две агенции веруваат дека нема доволно докази за тоа дали е тоа така или не“. „Конечно, кинеските власти не знаеја за вирусот пред првичното избивање на Ковид-19“, се вели во извештајот.

Американската разузнавачка заедница никогаш не постигнала едногласен консензус за потеклото на новиот коронавирус. Според извештајот, американските разузнавачки служби веруваат дека се веројатни и верзијата за пренос на инфекција од животно на човек и хипотезата за ширење на вирусот како резултат на лабораториски инцидент.