Наместо по 130 илјади денари за три неисплатени плати и придонеси, седумдесетина поранешни работнички на текстилна фабрика од Кавадарци ќе треба да платат 20 илјади евра за судски трошоци.
Ова е првостепена одлука на судија од Основен суд Кавадарци. Тие се револтирани, бидејќи работодавецот им должел три плати, вклучувајќи и придонеси или 9,6 милиони денари за сите нив, а судот донел одлука дека не се во право.
Работниците се оштетени, а правниот систем не ги штити“, вели Кристина Ампева од граѓанското здружение „Гласен текстилец“.