Ана Цветановска се пласираше на 105. место во крос-кантри на 10 километри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина кои се во тек.

Таа ја помина патеката 31 минута, 32 секунди и четири стотинки и на крајот имаше заостаток од осум минути и 43 секунди зад новата олимписка шампионка Фрида Карлсон од Шведска.

На стартот се појавија 111 натпреварувачки, од кои три не ја завршија трката. Ова е единствената дисциплина во која ќе настапи Цветановска, која беше во олимпискиот тим и пред четири години во Пекинг.