Голем дел од четвртиот пакет мерки на хрватската влада се однесува на ублажување на поскапувањето на енергенсите, за што државата ќе обезбеди милијарда и 180 милиони евра, пренесува Aljazeera Balkans.
Најголемиот дел од четвртиот пакет мерки на хрватската влада се однесува на ублажување на поскапувањето на енергенсите, за што државата ќе обезбеди милијарда и 180 милиони евра, додека за заштита од инфлација се планирани 170 милиони евра. Синдикатите и работодавачите ги поздравија мерките. Сепак, дел од економските аналитичари предупредуваат дека долгорочно тие може да доведат до зголемување на јавниот долг.