Новата блокада на процесот на пристапување на македонија во ЕУ не ја промени значително поддршката кај јавноста за членство во ЕУ. Во 2021 година 68 отсто од населението ја поддржува идејата за членство во ЕУ.

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето за перцепциите за ЕУ, од кое произлегоа два истражувачки труда, спроведени од институтот за демократија со поддршка на фондација „Конрад Аденауер“.

Во заклучоците од анализата се наведува дека наметнатите бугарски барања за укинување на ветото го одредуваат патот на Македонија кон ЕУ. Две третини или 71 проценти од анкетираните сметаат дека македонија не треба да прави отстапки согласно бугарските барања поврзани со ревизија на историјата.

79 проценти од нив се против условот за јазикот и 65 проценти против барањето за положбата на бугарското малцинство во Македонија, покажало истражувањето.