Виктор Стојанов, претседателот на бугарската фондација „Македонија“ повторно е во фокусот на јавноста. Вчера на Фејсбук Стојанов објави пост каде повикува на панихида за Мара Бунева на 12 јануари во Скопје, а таа ќе се одржи во црквата Свети Димитриј.

Стојанов веќе има забрана за влез во Македонија, а вчеравечер нашиот медиум објави повеќе за овој настан.

ВИКТОР СТОЈАНОВ СО ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА ОРГАНИЗИРА ПАНИХИДА ЗА МАРА БУНЕВА!

Кој е Стојанов?

На македонската јавност Стојанов ѝ стана познат во 2021 година кога не му беше дозволено во Македонија да внесе “бугарски книги“ за етничките Бугари, во рамките на инцијативата на фондацијата, „Испрати бугарска книга за Македонија“. Тогаш реагираше и бугарското Министерство за надворешни работи, па на крај книгите влегоа во Македонија.

Антимакедонски објави – 30 евра да се учи бугарски јазик, налепници дека сме еден народ

Во низата антимакедонски објави на оваа фондација беше и кога Стојанов „се пофали“ и дека низ Скопје нејзини членови залепиле 10.000 налепниците на кои пишува дека сме биле еден народ со Бугарите. Давал 30 евра за деца да учат бугарски јазик. Фондацијата беше актуелна и со тоа што им дава по 30 евра на децата во Македонија за да учат бугарски јазик, литература и историја во рамки на он-лајн училишите, регистрирано во Бугарија и за кое не му треба дозвола во Македонија. Фондацијата беше во фокусот и со провокативното „чистење“ на споменици низ Македонија.

Неговата антимакедонска активност не е тајна, доволно е само да му се разгледа профилот на Фејсбук, на кој пред неколку месеци јавно објави и имиња на лица за кои тврди дека биле агенти на македонската Агенција за национална безбедност.
На Фејсбук се пофали и дека во Скопје организирал воена обука.

Забранет влез во Македонија

Во мај 2022 година Виктор Стојанов кој е бугарски активист за правата на македонските Бугари се обидел да влезе во Македонија за да учествува на чествувањето на 119-годишнината од погибијата на Гоце Делчев, што го организирала фондацијата „Македонија“. Како причина за забрана за влез во државата било посочено дека претставувал „опасност за националната безбедност“.

На Виктор Стојанов му е забрането да влезе во Македонија на „неодредено“

Во октомври 2023 година провокативниот претседател на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, уште неодредено време не ќе може да доаѓа во земјава. Бугарскиот портал „Лупа“ вели дека на Стојанов му бил забранет влезот во Македонија доживотно, додека самиот тој во изјавата нагласува дека тоа е на „неодредено време“.

Во изјавата за порталот тој вели дека имал забрана за влегување во Македонија на 15 месеци и кога истекол тој период се упатил кон Скопје, но бил вратен од границата каде што му било соопштено дека забраната била продолжена на неодредено време.

Стојанов сакаше да го купи ФК Вардар

Контроверзниот претседател на Фондацијата „Македонија“ од Бугарија, Виктор Стојанов испратил понуда за купување на македонскиот фудбалски гигант ФК „Вардар“ од 300.000 евра преку бугарска компанија, но раководството на клубот веднаш ја одбило и потенцираат дека ВАРДАР НЕ Е НА ПРОДАЖБА!

Бугарска компанија се обидела да го купи ФК Вардар, Комити експресно одбија: Вардар не е на продажба

Тогаш, од ракoводството ка клубот ги повикуваат сите кои го сакаат „Вардар“ да бидат на стадионот кога ќе грмне „Море сокол пие“, а тоа да биде нивниот одговор на сите непристојни понуди!

300 евра за промена на презиме

Провокациите од Виктор Стојанов не запираат. Тој со неговата бугарска фондација „Македонија“ објави повик за Македонците велејќи: Вратете го вашето презиме во ов/ев и добијте 300 евра.

Бугаринот Стојанов со нова провокација: Вратете го вашето презиме во ов/ев и добијте 300 евра

Тој доаѓаше во Скопје со бугарски знамиња.

Виктор Стојанов е познат во јавноста со своите активности на делење книги и подароци и со други провокации, но тие досега немаа забележлив успех. Таков последен е пример е кога тој беше активен и на пописот во Албанија каде „бараше“ Бугари, инцидентот со Христијан Пендиков, одбележување годишнина на раѓањето на Гоце Делчев и слично.