По Светозар Вукмановиќ Темпо кој пред крајот на втората светска војна по налог на Комунистичката партија дошол за да спречи Македонија да прогласи независност и агентите на организацијата Канвас на Срѓа Поповиќ кои од 2015 ги учеа македонските опозиционери како да ја урнат владата на ВМРО-ДПМНЕ деновиве нови српски инструктори во обид да ,,кренат револуција” во Македонија.

 

Една од активистките на српските антивладини протести кои собраа стотици илјади луѓе во повеќе градови во Србија деновиве интензивно инструира, подучува и инспирира студенти да ја искористат трагедијата во Кочани за да започнат протести кои би требало да ја урнат македонската влада.

Повеќе извори во студентиските организации сведочат дека извесна ,,студентска лидерка” чие име и презиме е познато на редакцијата expres.mk диригира со процес кој треба да доведе до антивладини протести во Скопје преку кои треба да падне владата.

Дел од студентите кои имале комуникација со неа велат дека српската инструкторка која ја препознале од изјави кои ги давала во врска со протестите во Србија, ветувала логистичка, комуникациска и други видови поддршка за македонските студенти доколку тие обезбедат поголема поддршка за антивладини протести.

Македонските власти засега молчат за странските активисти кои долеваат масло на огнот по трагичното погибие на 59 млади луѓе во Македонија.

Молчат и српските власти со своите моќни тајни служби кои преку своите структури во Македонија сигурно знаат ако српски државјани подготвуваат или инспирираат немири во пријателската земја Македонија.

Дали овие информации кои ги имаат српските тајни служби се споделени со македонските колеги засега нема потврда но јасно е дека двете пријателски би требало да споделуваат информации за луѓе и активности кои можат да ги нарушат одличните односи меѓу двете земји и народи.

Првиот нов тест за ова пријателство е протестот кој е закажан за понеделник во Скопје за кој први информираа повеќе медиуми кои во Македонија важат за критичари на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку во понеделник во Македонија од Србија дојдат српски демонстранти како што се случуваше во времето на Шарената Револуција тогаш тоа ќе значи дека некој во Белград има директен интерес српското сценарио со големи протести да се прошири во Македонија.

Кој е тој треба да откријат и да кажат на јавноста македонските служби кои не смеат да спречат автентични легитимни студентски или било какви легитимни граѓански изливи на незадоволства но би требало да ги следат и да преземаат мерки против сите незаконски и противуставни дејствија во земјата но и оние кои доаѓаат од странствo

Извор: Expres.mk