Актуелниот претседател на Македонија Стево Пендаровски може воопшто да не влезе во втор круг од претседателските избори доколу се остварат сценаријата кои се во оптек на македонската политичка сцена. Ова е анализата на новинарот на Заспиј ако можеш Горан Момироски кој во емисијата
во која гостин беше уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев објаснува што може да му се случи на врховниот командант, а пренесува порталот Експрес.
Една од причините зошто претседателот Пендаровски на минатонеделната средба во владата барал поддршка партиите на Албанците во Македонија да не кандидираат свој кандидат за претседател е можноста тој воопшто да не влезе во вториот круг на претседателските избори ако биде поддржан само од СДСМ, анализира Експрес.
Анкетите до кои пристап има и Пендаровски покажуваат дека тој нема шанси за победа дури и ако биде поддржан од сите партии на Албанците и СДСМ но дека ако оди само со поддршка на неговата партија ќе доживее катастрофа.
Доколку добие поддршка каква што бара односно албанските партии не кандидираат свој кандидат и сите Албанци гласат за него Пендаровски можеме се надева на максимални 360 гласови што ќе биде недоволно за победа затоа што во вториот круг кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ќе има над 400 илјади гласови.
Но ако Пендаровски оди сам со СДСМ а албанската опозиција и ДУИ кандидираат свои луѓе за претседател тогаш Пендаровски не може да смета на повеќе од 160 илјади гласови и со тоа за него трката може да заврши. Ова сценарио е можно доколку албанската опозиција предложи кандидат кој е
прифатлив и за ДУИ при што најголем број на албански гласачи ќе гласат за кандидат Албанец а не за Пендаровски.
Во оваа варијанта кандидатот Албанец може да освои до 190 илјади гласови и да влезе во вториот круг со што Пендаровски ќе доживее катастрофа.
Оваа анализа на Момироски е во видеото од Заспиј ако можеш.