Каја Шукова, Менде Илиевски, Ана Чупеска и Кристина Костова се новите потпретседатели на СДСМ. Вака одлучи централниот одбор на социјалдемократите кои освен потпретседателите избра и Извршниот одбор и нов генералниот секретар. Нов лик на оваа позиција е Александар Димитријевиќ поранешен прв човек на партиската младина. Како организациони секретари партијата ги избра Љупчо Фармаковски од СДСМ Центар и Мартин Костовски кој е пратеник во Собранието.
Првиот социјалдемократ Венко Филипче оптимист дека партијата се консолидира и дека се враќа довербата кај членството.
Што знаеме за новите потпретседатели на СДСМ?
Веројатно најгласно се споменува името на универзитетската професорка Ана Чупеска која долги години циркулира низ македонските медиуми, социјалните мрежи и веб порталите преку интервјуа и пишани колумни.
Ана Чупеска
Ана Чупеска е професор на Правниот факултет „Јустинијан Први”. Професорката до пред само неколку месеци беше еден од главните апологети на власта предводена од СДСМ и ДУИ. Чупеска честопати влегува во конфликти и често прави гафови. Претходната година наиде на конфликт со новинарската фела бидејќи даде јавна поддршка на налудничавата идеја стотина македонски новинари да завршат в затвор.
Професорката Чупеска беше една од ретките што даде и поддршка за покачувањето на платите за 78 отсто на функционерите. За власта преедводена од ВМРО-ДПМНЕ таа смета дека етноцентрична и дека ја оддалечува државата од ЕУ и НАТО. Преку нејзините колумни постојано го нагласува членството во ЕУ и НАТО како најважно за нашата држава и дека истото треба да се случи по секоја цена.
Каја Шукова
Каја Шукова е уште од новите потпретседатели на СДСМ. Таа беше министерка за животна средина и просторно планирање, а нејзиниот мандат не го обележа ниту еден значаен проект. Таа е родена во Скопје и дипломирала на Технолошко-металрушкиот факултет во Скопје во 1995 година. Во ова министерство Шукова била на повеќе функции почнувајќи од 1999 година. Била член на повеќе работни групи.
Кристина Костова
Кристина Костова која е активна во рамките на Централниот одбор на СДСМ. Таа неколку децении е во СДСМ, а сопартијците ја опишуваат како сопартиец со голем стаж од веќе 20 години. Според информации на Радио Лидер таа е лингвист. Има либерални погледи и либерални ставови.
Таа јавно се заблагодари за поддршката и новата фукција.
„Мојот ангажман во СДСМ и во иднина, како и досега, ќе се базира на силната лојалност кон нашето социјалдемократско семејство и посветеноста на социјалдемократската идеја, која е вградена во темелите на сѐ што е државотворно и полезно за државата“. стои како дел од нејзната обемна објава на Фејсбук.
Методија (Менде) Илиевски
Менде Илиевски е советник од Општина Битола од редовите на социјал-демократите. Активен е во партиските кругови во целиот пелагониски регион. Од неговиот Фејсбук профил успеавме да забележиме дека има работено во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – ПЕ Битола.
Од 2013 година до 2017 ја извршувал функцијата потпретседател на СДММ. Тој ја има и улогата на координатор на советничката група на СДСМ во Советот во Општина Битола.
Критики од Петре Шилегов
Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов преку песна со критики до новото раководство.
(АНАЛИЗА) Петре Шилегов разочаран од новото раководство на СДСМ – им посвети песна!
СДСМ избра заменик претседател и членови на највисоките партиски тела. Викендов Фани Каранфилова Пановска беше поставена на местото на Сања Лукаревска.
Останува да видиме дали Венко Филипче ќе успее да го врати „стариот сјај“ на СДСМ.