Владата го назначи Горан Трајковски за нов в.д директор на Државниот пазарен инспекторат. На седницата беше разрешена директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска, се наведува во соопштението од Владата.
Како што пишуваат, новиот в.д директор Горан Трајковски е дипломиран економист и магистер по економски науки, а на позицијата в.д директор на Државниот пазарен инспекторат доаѓа од менаџерска позиција во приватниот сектор каде во своето повеќегодишно искуство остварува соработка со регионот и повеќе европски земји, обезбедувајќи нови пласмани и развој за матичната компанија.
Неговата експертиза е во областа на сметководството и финансиите, со менаџерското искуство во раководење на компанија која има регионално присуство на пазарот.
На денешната седница, за нов директор на Агенцијата за национална безбедност, како што е веќе известено, е назначен Зарко Милошевски. За ова со коментар се јави и Драган Ковачки според кого продолжува партизацијата, неспособноста и аматеризмот.