Реал сака на лето да ги доведе Килијан Мбапе од ПСЖ, Пол Погба од Манчестер Јунајтед и Антонио Рудигер од Челзи, а за тоа според шпанските медиуми би можеле да му бидат потребни околу 300 милиони евра.
На листата се Герет Бејл, Марсело, Иско, Лука Јовиќ, Маријано Дијаз, Дани Себаљос и Хесус Ваљехо.Само доколку се ослободат од платите Реал ќе заврши одлична работа. Бејл заработува 28 милиони евра годишно, Марсело 16,5 милиони, а Иско милион помалку од Бразилецот.
Лука Јовиќ е со 10 милиони евра годишно, Маријано со девет, Себаљос со седум, а Ваљехо со шест милиони евра. На сето ова треба да се додаде Еден Азар кој ќе мора да бара нов клуб.