Новиот индиски сој т.н. „Делта“ според британски извештаи не се детектира со вообичаените ПЦР текстови.

Тоа би значело дека се потребни нови реагенси за ПЦР тестови за да се детектира овој сој.

Но, што прави нашата власт!? Додека во светот се прават анализи, проценки за новиот сој, планови како да се постапи и слично, надлежните во Македонија немаат абер.

Па да не биде дека не сме им кажале.

Еве им кажуваме, како што им кажувавме и за се до сега.

Уште во пред да го имаме првиот случај во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ апелираше да се набават повеќе реагенси, масовно и бесплатно да се тестира.

Но власта, релативизираше и тераше ПР.

Заев и Венко немаа слух за апелите од опозицијата и народот.

Исходот од таа нивна негрижа се над 5.000 изгубени животи и народ оставен сам да се снаоѓа како знае и умее.

Со волкав процент на вакцинирани во овој момент, факт е дека тешко ќе постигнеме колективен имунитет наскоро.

Со овој мал процент на вакцинирани, четврт бран е неминовен.

Ама зошто Венко Филипче и Зоран Заев да се грижат за тоа како да спречат евентуален четврти бран, кога можат да уживаат.

Затоа го прашуваме министерот за здравство дали има план како да се справи со евентуален 4-ти бран и дали има намера да набави ПЦР тестови кој би го детектирале новиот сој бидејќи постоечкиот не е соодветен за да открие евентуално постоење на новиот сој од вирусот.

Филипче конечно да почне да работи, да заборави на провизиите и да се погрижи за здравјето на граѓаните.

Интегрален текст од прес конференција за медиуми, Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ