Реализацијата на проекти се гледа по 3-4 месеци од почетокот на мандатот, тоа е затоа што треба да се запознае со ситуацијата и да почне да работи, секако на секого му оставате на почеток да покаже да се размавне и ние на пример ако го видите буџетот за 2022 година таму едно 15тина или 20 се проекти кои ги има програмата, рече Стефан Андоновски член на Советот во Град Скопје во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

-После одредено време кога ќе видите дека таа програма нема реализација, проектите стојат, реализацијата на тие проекти е многу мала или незначителна, ситуациите се блокирани, состојбите се блокирани, рече Андоновски.

Тој посочи дека не останува ништо друго освен да се бара алтернатива. Во последните 2 месеца барале алтернатива во Совет, во смисла како да се реализираат проектите кои се ветени пред граѓаните.

Андоновски потенцирапе дека ВМРО-ДПМНЕ преку Советот ќе се труди сите проекти кои се добри за Скопје да се истуркаат и реализираат.

Според Андоновски градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска сериозно треба да размисли за понесување на одговорност.

-Како градоначалник таа од дрвата не ја гледа шумата и постојано се занимава со ситници, а не се занимава со реализирање проекти и треба да размисли на понесување на одговорност и оставка, дециден е Андоновски.