Стефан Андоновски, советник во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и порача на Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје дека со амандманот за изградба и реконструкција на улици бараат кратење на средствата од договорни услуги, додавајќи дека обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ блокира се неточни, бидејќи во истата ставка договорни услуги ќе останат 17 милиони денари.
Од истата ставка во 2021 година Петре Шилегов како градоначалник потрошил 23 милиони денари, градоначалничката до кварталниот извештај во октомври потрошила 18 милиони денари. Ние предвидуваме да останат 17 милиони денари, како ќе се блокира градот ако на сметка ќе останат 17 милиони денари. Сега е криза, енергетска и економска и целта е да трошиме помалку на договорни услуги , а не повеќе. Но градоначалничката и тие кои го планирале овој дел, планирале да потрошат 52 милиони денари на иста ставка каде што во 2021 година ќе повторам Шилегов потрошил 23 милиони денари, а ланската година односно оваа година градоначалничката потрошила 38, па како стигнавте до 52 милиони денари стигнавте. Во време на криза вие наместо да ги кратите договорните услуги, вие ги зголемуваме за дупло, а затоа кратите на патишта, на инфраструктура, на проекти, истакна Андоновски.
Андоновски нагласи дека после следуваат уште 20 амандмани од други политички партии за кратење на патишта, што ако се продолжи вака може Арсовска да не може да ја реализира програмата за сообраќај, а не пак програмата „За Модерно Скопје.
Градоначалничке, после нашиот амандман следуваат 20 и кусур амандмани кои што кратат исклучиво од патишта. Да не ви се случи дека не може ниту проектите кои што сте ги ветиле да ги реализирате, кои што сте ги напишале во програмата за сообраќај, а не во програмата За модерно Скопје, и рече Андоновски на Арсовска.