Буџетот на Градот, кажа тој е, како по војна, а за тоа дали ќе има дали ќе има брз рапид транзит или БРТ зависи од тоа како ќе одлучи Советот, ама прво треба да се објасни што е тоа.
-Но, одлука за референдум ќе има кога ќе знае што е тоа. Треба да знаеме дали ќе има нов мост од Карпош кон Влае и колку ќе чини, дали содржи дека ќе пропаднат коловозните ленти под Железничка станица затоа што долу има магацини, дали тука е и уништување на паркот во Ново Лисиче каде ќе бид појдовна станица и уништување на цело злененило по Партизанска. Дали ова се ќе се уништи, што ако снема струја. Има многу неодговорени прашања, рече тој.
Прашан за бесплатниот автобуски превоз Андоновски рече дека ќе се реализира етапно во фази.
-Но, она што јас го гледам е дека се сакало се да се уништи, како на пример жичарницата на Водно, зошто не се користи. Дали наменски се уништувале двокатните автобуси по налог на Шилегов со неставање на соодветно масло со што се расипувале моторите. Ова е прашање на кое треба да одговори новото раководство. Треба да се одговори на вакви прашања, рече Андоновски.
Говорејќи за паркингот, тој рече дека граѓаните треба да имаат достапен и ефтин паркинг.
-Во целост го поддржувам намалувањето на цените на паркинзи. Потоа тоа мислиме и да го продолжиме како на пример за специјализантите, крводарителите да им се овозможи бесплатен паркинг, рече Андоновски.