Меѓу многутемина одбиени кандидати кои аплицираа за средства од Министерството за култура за нивни проекти е и познатиот писател Петар Андоновски. Човекот чии дела се признаени во цела Европа не е признаен тука во Македонија.

За оваа случка Андоновски се огласи преку својот профил каде одбивањето го нарекува „класична освета на министерката Бисера Костадиновска Стојчевска“. Неговиот статус го пренесуваме во продолжение.

После наградите: ,,Роман на година”, ,,Европската награда за литература”, ,,ПЕН преводи” од Англискиот ПЕН, после преводи на речиси десет јазици, после сите промоции и гостувања во Париз, Брисел, Лајпциг, Франкфурт… мојот нов роман не е поддржан од Министерството за култура. Ова не е ништо друго туку класична освета на министерката Бисера Костадиновска Стојчевска затоа што го критикував нејзиното работење, пишува Андоновски.