Ако е дискусијата на лидерската средба е за промена на Уставот јас тоа го нареков крчма без крчмар. За договорите требаше претходно консензус, прво тоа требаше да се направи во 2017 годна во Собрание да се постигне консензус и втората шанса беше годинава да се договориме за бугарско – француски предлог и тука имаше шанса Ковачевски да седне со сите партии во парламентот и да напарават стратегија, црвени линии, кажа Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО – ДПМНЕ на вечерашната емисија 24 Анализа што се емитува на телевизија 24.

Според него сега кога се е прифатено од Бугарија беспредметна е дискусија на лидерска средба.

– Кога сте прифатиле се од Бугарија и сега да се дискутира и да барате начин како да се протне се низ Собрание, а за опозицијата велите дека шири лажни вести, не може да очекувате коректен став. Сега во овој моментов според мене ако дискусијата е само за уставни не треба да има средба, ако е за тоа како да се справиме со енергетската криза, дали безбедносните служби работат како што треба бидејќи има дојавиа за бомби и се апсат млади невини луѓе, или како да се надминат овие прашања средба е во ред, рече Андоновски.