-Ако Пабло Ескобар денеска беше жив ќе сакаше да живее во Македонија и можеби ќе аплицираше да биде потпретседател на СДСМ, најмногу затоа што Македонија во моментот е на 111 место на Трансапаренси Интернешнл по корупција, а Колумбија е на 92то место. Затоа што Македонија е балкански рај за производство на дрога, а најблиските пријатели на премиерот ги наоѓаат како шверцуваат дрога и затоа што имаме картел кој што поткупува гласачи на избори и затоа што имаме политичко ослободување на затвореници кои што ни се блиски до власта, вели Андоновски.
Андоновски говорејќи за крупните криминални афери владата покажала дека се води од една матрица од најгоре до надоле.
-Само за потсетување, Филипче за вашиот медиум на 27 март има изјавено дека воопшто немало исплата кон таква оф шорд компанија, за денеска да се покаже дека таква исплата постои повеќе од дупло цена која што била платена за вакцини. Таков случај е за Драги Рашковски, таков случај е и за набавка на скутери Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот по цена 45.000 евра поголема отколку што би можела да се набават во малопродажба и една друга тема а тоа е набавка на велосипеди од Националната агенција за програми кои што се за планина, а не за град и кои што чинат по 2.000 евра од еден велосипед. Сите овие теми покажуваат дека владата се води од најгоре до најдолу од една иста матрица, истакна Андоновски.
Андоновски нагласи дека и по година дена од одржаните предвремени парламентарни избори се уште нема разрешница за 30тите кривични пријави поднесени до Јавното обвинителство во врска со изборниот поткуп.
-Вкупно 30 кривични пријави се поднесени до Јавното обвинителство во врска со поткупот за време на изборите, а скоро една година е поминато од денот на изборите а ниту еден случај не е разрешен, објасни Андоновски.