Министерот на MWC26 и промоцијата на „Роаминг како дома“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска престојува во Барселона, Шпанија, каде учествува на MWC26 (Mobile World Congress) – најголемиот светски настан за дигитализација. На настанот се собираат креатори на политики, телеком оператори и водечки производители на мобилни уреди и дигитални решенија.

Во рамки на посетата, министерот се фокусираше на проектот „роаминг како дома“, со кој се стреми да се намалат трошоците за граѓаните и бизнисите, обезбедувајќи користење на мобилни услуги, СМС и интернет како дома во рамки на Европската Унија.

GSMA Ministerial Programme и средби со оператори

Андоновски учествуваше во GSMA Ministerial Programme, каде се дискутираа теми како поврзливост, дигитална инфраструктура, сајбер безбедност и идни технологии на мрежите.

„MWC26 ги обединува креаторите на политики за дигитализација, операторите и производителите на уреди. Разговараме за теми кои директно ги засегаат граѓаните. Проектот „Роаминг како дома“ добива голема поддршка и од владите и од операторите“, истакна министерот.

Клучни прашања во дигиталниот сектор

Министерот оствари средби со претставници на домашни и меѓународни оператори, како и со производители на опрема и даватели на облак услуги. Темите вклучуваа изградба на дата центри, примена на вештачка интелигенција, сајбер безбедност и целосна дигитална трансформација на општеството.

„Разговаравме за предизвиците што го засегаат дигиталниот сектор и за можностите за унапредување на услугите за граѓаните и бизнисите“, додаде Андоновски.