Покана за лидерска средба не е доставена до ВМРО-ДПМНЕ треба да има прво координација меѓу партиите па да се извести јавноста, рече Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ.
Андоновски посочи дека главна тема на една таква лидерска средба би требало да биде за предвремени парламентарни избори, бидејќи како што рече „затоа што гледаме дека вВадата нема доволно стабилност, ниту во оваа ситуцаија не може да ги реши кризите, да донесе закони и да собере кворум за дискусија по истите“.
„Што се однесува до поширок општествен консезус ситуацијата личи на онаа народната крчма без крчмар, разговори требаше да има пред да се потпишат уценувачки договори кон Македонија, а не да се ветува нешто што не можат да испорачаат. Ако тогаш се воспоставеше јасна и цврста црвена линија се ќе беше поинаку“ рече Андоновски.
Прашан за тоа дека има информации дека се вршат меѓународни притисоци врз партијата за прифаќање на уставни измени, тој рече „можам целосно да демантирам дека има пристисици врз ВМРО-ДПМНЕ за прифаќање на уставните измени“.
„Тоа е една од палетата на манипулации за да си ја продолжат својата кариера. Овие работи ги кажува пред се Груби кој гледаме дека неговата позиција во ДУИ не е лесна и за да се тргне фокусот од тоа ставаат на ВМРО-ДПМНЕ. Но, самите тие рекоа дека го имаат мнозинството, но не видов иницијатива за да се гласа, ако го имаат ние понудивме оставки или ако го немаат да одиме на предвремени избори. Да имаа мнозинство ќе одеа во Собрание, а не ваква средба“, рече Андоновски.
Лидерот Христијан Мицкоски има конзистентен став, рече тој и додаде дека други политичари го менуваат ставот на дневна основа.
„Сега со вакви услови никогаш нема да се согаласиме со уставни измени затоа што со тоа само ги легитимираме бугарските барања. Ние против Бугарите не сме имале ништо, но нивното тврдење дека Македонците дека не постоеле пред 1945 времено е неприфатливо“, рече Андоновски укажувајќи дека треба да се разговара за надминување на политичката нестабилност, зошто за такви измени на Устав треба силна општествена поддршка која Владата ја нема.