Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и министер за дигитални трансформации, Стефан Андоновски, во гостување во отворено студио прогласи победа во општините Радовиш, Свети Николе, Сопиште и Ресен. Исто така изјави дека убедливо водат во Струмица, Охрид, Берово, Делчево, Прилеп, Штип и Аеродром.
Во и пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва се собираат членови на партијата и веќе е се подготвено за прославување на победата на кандидатите на партијата.