Состојбата со пожарите на отворен простор повторно се влошува и затоа упативам апел до граѓаните да бидат исклучително внимателни за да не предизвикаат пожар, а доколку забележат сомнително поведение веднаш да пријават на 112 или на другар, пријател или познаник кој информацијата ќе ја пренесе во МВР, изјави утрово директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Во текот на вчерашниот ден регистрирани се 37 пожари на отворен простор, од кои активни се пет, под контрола се три и изгаснати се 29.

Активни се пожарите во општините Чашка, Студеничани, Штип и два пожари во општина Дебар. Под контрола се ствавени пожарите во општините Охрид, Желино и Ново Село. Во изминатото деноноќие изгаснати се 29 пожари и тоа, четири во општина Прилеп, по два во општините Јегуновце, Центар Жупа, Гостивар, Бутел, Чучер Сандево, Сарај и Петровец и по еден пожар во општините Теарце, Ново Село, Кичево, Велес, Гази Баба, Шуто Оризари, Студеничани, Босилово, Долнени, Битола и Куманово.